Јавна здравствена установа
Општа болница Кичево

ЗА НАС

ЈЗУ Општа болница Кичево постои во системот на јавни здравствени установи во Република Македонија, поточно го покрива југозападниот регион од здравствената мапа на државата.
Во својата историја постоела во различни организациски форми, како дел (ООЗТ) од некогашниот медицински центар „Трифун Паноски“ – Битола, потоа како самостен правен субјект ЈЗО Медицински центар Кичево, за да со реформите во здравствениот систем во 2005 се трансформира на два посебни субјекти: ЈЗУ Општа болница Кичево и ЈЗУ Здравствен дом Кичево.
Од 2005 година ЈЗУ Општа болница Кичево се развива од мала во категорија на средна болница со постојан развој на хирургија, гинекологија, интерна медицина како и другите специјалистички гранки.
Во периодот на реорганизациски процеси на здравството во Република Македонија сигурно дека согледувањата на сите аспекти на јавните здравствени институции се од големо значење, а аналитичките параметри за квалитетот и обемот на услугите непобитни докази за позиционирањето на истите во глобалниот здравствен систем.
Се надеваме дека конечно ќе биде завршен новиот објект на болницата и истата ќе почне да работи во услови од европски и светски стандарди. Условите за работа ќе овозможат болницата да биде пример дека и во јавното здравство се добиваат врвни здравствени услуги.